Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ вели дека не знаел зашто Зоран Милески Кичеец ќе поднел кривична пријава против него бидејќи тој не ги кажал зборовите „Зоран Заев и Кичеец договараа местење на изборите во Охрид и тој таму има своја параполиција“, туку тоа се зборови на Бојан Јовановски.

Јас веќе со еден криминалец бев на суд за  нарушување на честа и угледот, тоа е Вице Заев, со втор криминалец сега сум на суд, а тоа е Зоран Заев исто за чест и углед во наводници еве и со трет ќе одам на суд исто за чест и углед. Да ви кажам право искрено ми ласка што најкриминогените луѓе во државава сакаат да се видат со мене на суд, вели Николоски.

Тој додава дека очигледно погодувал право во центарот на криминалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.