Да не го правиме народот глупав. Добро знаат дека Кастриот Реџепи исчезна поради закани, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Клик плус“.
Според него, сето ова било како сценарио од латиноамерикански филм.
-Го исклучува телефонот, па пишува статуси, од неговото семејство и претседателот на БЕСА го пријавуваат во полиција, а тој веднаш објавува видео во кое чита текст. Ова ме потсетува на серијата за Пабло Ескобар, каде што тој на луѓето им нуди „plata o plomo“ (сребро или куршум), каде што или ќе прифатат поткуп или ќе го загубат животот. Нема друго објаснување. Ова е стилот на владата. Латиноамериканскиот филм може ќе даде живот уште некое време, но нема за долго, обвинува Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.