Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при гостување во емисијата „Јади бурек кај Јанко“, на ТВ Сонце, зборуваше во врска со аферата „Мафија“ и издавањето од страна на МВР на македонски пасоши на криминалци.

На прашање од новинарот Јанко Илковски, Николоски објасни како стигнале податоците за криминалите на власта до ВМРО-ДПМНЕ.

Овие афери беа доставени од „свиркачи“ до партијата. Тоа е модерен израз за луѓе кои не трпат криминал во институциите во кои работат, па решаваат заради повисок јавен интерес да ги достават до јавноста, па почитувајќи го законот за свиркачи не можам да го откријам нивниот идентитет или датумот кога ги предале – вели Николоски.

Николоски наведе дека еден од луѓето што добиле пасоши е уапсен во Србија во 2019година.

Има еден парадокс: овие 214 пасоши сѐ уште не се прогласени за невладини и ниедна странска држава не е известена да стави блок на овие пасоши. МНР ова не го прави затоа што податоците се точни, сликите се погрешни. Толку отишле во криминал, што работата не може да се врати назад – потенцира Николоски.

Тој зборуваше и за случувањата околу турскиот мафијаш, Седат Пекер. Николоски посочува дека по ликот на Пекер во Турција е направена серијата „Долина на волците“, а тоа доволно алудира за каква личноста станува збор.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека Пекер аплицирал и за македонска лична карта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.