Видео обраќање на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани на Македонија, Државата е пред најголемиот предизвик од своето постоење. Криза од досега невидени размери е пред нас. Македонија е пред нов предизвик. Здравствен и економски. Да покажеме свесност, совесност и одговорност, вели Николоски во своето обраќање.

Да покажеме дека можеме заеднички, да бидеме совесни, доблесни, одговорни и посветени. Македонија тоа го знае и до сега покажала дека може, сега мора да покаже почитување кон себе. Македонија бара брза реакција од секого, а најмногу од најодговорните. Потребни се итни економски мерки за спас на економијата, итни здравствени и санитарни мерки за заштита на здравјето на граѓаните како и почитување на светските здравствени мерки и препораки. Македонија има потреба од одговорно и совесно однесување од сите нас, од сите нас граѓаните на Македонија. Затоа што секој живот вреди! Заштитувајќи го своето здравје го штитите и здравјето на саканите, на семејството, но и на оние до вас. Јас знам дека Македонија може и мора да победи. Следете ги препораките, заштитете се. Затоа што секој живот вреди, истакниба Николоски.

Oбраќање на Проф. д-р. Сашко Кедев

Почитувани граѓани, Од медицината научив дека најважно за здравјето на човекот е дисциплината, а од животот дека животот е време. Меѓутоа животот не е само тоа што го живееме туку како го живееме и што ќе запаметиме. Во ова време на големи предизвици, во време на соочување со пандемија на заразна болест сите помагаме на општеството со личен пример, со личното однесување и постапување. Мојот апел е да се однесуваме одговорно, свесно и совесно, да ги следиме препораките на стручните авторитети, и да запаметиме дека секој е господар на својот живот и сопственото здравје. Докторите се за да помагаат за здравјето на сите нас, на нашите најблиски и на сите граѓани, меѓутоа сега е моментот кога сите ние треба со своето однесување и личен пример да помогнеме исто така на докторите. Сето ова ќе помине нема потреба од страв, меѓутоа има потреба од одговорност. Затоа што секој живот вреди, потенцира Кедев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.