Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции денеска се сретнал со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир.

На средбата информирав за составот на Националниот совет за евроинтеграции и надлежностите кои Советот ги има, инклузивниот карактер на телото кое обединува политичките и општествени чинители, како и за идејата Советот да гради и одржува консензус за членство во ЕУ, соопштува Николоски.

Тој додава дека на средбата се разговарало и за периодот кој што претстои и евроинтеграциите на Македонија како и активната агенда на Националниот совет за евроинтеграции.

Исто така на средбата го информирав амбасадорот Гир и за актуелните состојби во државата и актуелната политичка ситуација, соопшти Николоски.

Денес како претседател на Националниот совет за евроинтеграции остварив средба со амбасадор на Делегацијата на ЕУ, Н.Е….

Posted by Aleksandar Nikoloski on Thursday, 14 January 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.