Заев, Филипче и СДСМ бегаат од одговорност, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој потсети на контрадикторните зборови и дела на министерот за здравство и власта на СДСМ во последниот месец.
Филипче денес го обвинува народот, а на 02.05.2020 кажал: „Ја добивме битката, не го оптеретивме здравствениот систем и го задржавме квалитетот на услугите.“
На 22.05.2020, кога им се брзаше за избори, Венко Филипче вели: „Изборите би биле безбедни, ако се почитуваат мерките и истите можат да се одржат.“
На 26.05.2020: „Битката со вирусот е добиена!“
Денес, тврдат дека народот е крив за тоа што имаме пандемија и за нивната НЕСПОСОБНОСТ!, порача Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.