Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за весникот „Илинден“ во Албанија вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Гоце Делчев е дека за Гоце Делчев нема преговори, Гоце Делчев го претставува македонскиот идентитет и за тоа прашање не може да има никакви преговори.
Според него, ликот на Гоце Делчев претставува столб на македонскиот идентитет и симбол на вечната борба за Македонија.
За мене се неразбирливи ставовите на Заев и не разбирам како еден македонски политичар може воопшто да помисли да преговора за ликот и делото на еден великан како Гоце Делчев, или пак да преговара за македонскиот јазик, култура и историја. Неговите изјави прават огромна штета на Република Македонија и со политиката на Заев на потпишување на договори кои создаваат проблеми со соседите само се разнебитува македонската држава. Македонското национално малцинство во Бугарија се соочува со проблеми и тажно е што земја членка на ЕУ има таква политика спрема малцинството на соседна држава. Тоа не се европски политики и европски вредности. Факт е дека македонското малцинство во Бугарија постои, организирано и Бугарија треба да го почитува тоа. Кажав и претходно, политички аматери ја водат Македонија, потпишуваат договори кои наместо да ги решаваат проблемите, договорите создаваат нови проблеми со соседите. ВМРО-ДПМНЕ жестоко се бори за зачувување на националните интереси на македонскиот народ и црвените линии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.