По денешната средба на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, на медиумите за случајот со НАТО сертификатите им одговори дека е скандал министрите да не поседуваат НАТО сертификати, а нивното молчење тоа го потврди.
Има две работи кои што се факт, прво дека двајцата немаат безбедносен сертификат, за тоа што да имаа ќе презентираа пред јавноста дека имаат безбедносен сертификат. И со самото тоа што двајцата потврдија дека немаат безбедносен сертификат ги потврдија наводите на ВМРО-ДПМНЕ – појасни Николоски.
Николоски додаде дека во скоро време ќе ги потврдат и наводите кои што ги кажа пред некој ден, а тоа е дали едниот министер нема безбедносен НАТО сертификат заради корупција, а вториот нема безбедносен НАТО сертификат заради соработка со странски служби кои што не се дел од НАТО алијансата. За брзо време ќе излезе и оваа вистина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.