Државата назадува,а кога стигаат лоши вести и од Македонија и од соседните земји, тогаш и паѓа поддршката на јавното мислење во европските држави за проширување, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Сепак, вели Николоски, не треба да се лаже дома.
Четири години дома дека не овој вторник, туку другата среда, не овој јуни, туку другиот јуни, па октомври, па не октомври туку декември ќе добиеме датум. Јас не сум многу среќен што ова ќе го кажам, но државата назадува. Јас сум првиот кој што говореше дека ова ќе се случи. И тоа го кажав уште пролетта 2018-тата година, тука во Канал 5 беше кажав дека нема да има датум за почеток на преговори за Македонија со ЕУ, истакна Aлександар Николоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Николоски потсети на нападите нарачани од премиерот Зоран Заев за комесарот за проширување Оливер Вархеји, за нападите на Јанез Јанша и порача дека не можеме од нив потоа да очекуваме поддршка.
Еден тон колумни му изнапишаа овие поеташиве на Заев. После тоа очекуваат да го поддржи. Го напаѓаат Јанез Јанша, после седнува со Јанша да договара за проширување. Што мисли Заев дека тие немаат овдека амбасади, немаат ЕУ тука делегација, не им ги преведуваат, не им ги пуштаат текстовите, запраша Николоски.
Николоски посочи дека Бугарија не е единствената пречка на Македонија да започне преговори со ЕУ.
Имаше едно интервју за еден македонски медиум Јоргос Катругалос, кој скоро беше министер за надворешни работи на Грција, значи не е слуачен човек, сега е пратеник во грчкиот Парламент и шеф на грчката делегација во Совет на Европа, каде што многу прецизно кажува дека не е само Бугарија проблемот, рече Николоски.
На крајот, Николоски констатира дека доколку клучните земји во ЕУ сметаат дека Македонија треба да почне преговори ќе го решеа проблемот со Бугарија за едно попладне или едно претпладне.
И тоа се знае како се прави, ќе пуштеа едно до двајца дипломатски булдожери во Софија и во рок од неколку часа проблемот ќе беше решен, појасни Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.