Потпретседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на седницата за пратенички прашања го праша Министерството за внатрешни работи поврзано со насилниците кои, како што е познато низ целиот град, по нарачка на нивните работодавци физички напаѓаат неистомисленици, но и пренесуваат „пријателски пораки“ за оние кои им се спротивставуваат. Меѓу жртвите на нивните напади се и новинар и уште три лица познати на јавноста, меѓу кои и Љупчо Палевски Палчо.
Во изминатиов период во Скопје хара банда насилници, којашто, јас барем знам, дека претепа четири луѓе во градов од којшто еден новинар и тројца познати луѓе. Сите имат една заедничка работа, односно не се во добри односи со бегалецот од правдата. И моето прашање е дали по сите овие случувања коишто се случија и состојбата во којашто се најдовте и како министер и како Влада ќе се охрабри министерството за внатрешни работи да ги открие луѓе и да одговараат затоа што претепаа четири луѓе од коишто дел се со сериозни последици – праша Николоски во Собранието.
Тој директно праша дали овие лица ќе бидат запрени со оглед на тоа што се страв и трепет за граѓаните и сопствениците на компании во градов.
И, дали конечно истите ќе бидат запрени затоа што истите претставуваат еден вид на платена војска на бегалецот од правдата – праша Николоски
Николовски потенцира дека е јавна тајна идентитетот на овие луѓе, додавајќи дека се работи, за како што е општо познато, лица од скопската населба Автокоманда. Тој додаде дека очекува да се каже оти тешко оди собирањето на докази, но имајќи предвид дека ова е мал град и дека генерално е мала држава, со соодветни методи ќе може да се откријат, така што прашањето е дали ќе има акција за откривање на овие луѓе имајќи предвид дека го тероризираат целиот град и дека прашање е кога ќе направат следна акција.
Еве може мене ќе ме нападнат имајќи предид дека сега јас јавно поставувам едно прашање, а мислам дека е добро да се исчисти градов од вакви и слични на нив насилници коишто хараат по градот – додаде на крај Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.