Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при гостување на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ изнесе тврдење дека вицепремиерот Никола Димитров брифирал новинари оти тој го спречил премиерот Зоран Заев да потпише се што побарала Бугарија.

Сакам да го прашам Зоран Заев дали знае дека неговиот потпретседател оди низ Македонија и брифира новинари и креатори на јавното мислење дека тој, Никола Димитров, е причината што не потпишал Договор со Бугарија? Односно, Димитров тврди дека Заев бил подготвен да потпише договор со Бугарија, меѓутоа тој го спречил и тоа преку скопското крило на СДСМ – истакна Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, праша дали Заев се обидува да ја распушти Комисијата за историја, затоа што не е задовоелн од тоа што не го поддржуваат во неговите ставови.

Дали е вистина дека е Заев е незадоволен од работата на историската комисија и дали се прави обид да се компромитираат дел од членовите со цел комисијата да биде распуштена и да биде поставен нов состав од МНР што ќе потпише се што Заев ќе побара? – праша Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.