Ова владејачко мнозинство како ветување број 1 имаше почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа што на почетокот на февруари 2021 дебатираме во Собранието, во услови кога Македонија воопшто не почна преговори за членство и крајно е неизвесно не само кога и ДАЛИ ВООПШТО ЌЕ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ Е НАЈГОЛЕМО ФИЈАСКО што можеше да и се случи на оваа Влада. За тоа фијаско најодговорни се Зоран Заев и Никола Димитров, смета пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, кој денеска се обрати во Собранието.
Македонската јавност се сеќава дека Заев во јуни 2018 година дојде во Собранието и рече го добивме датумот, а датумот до денес не го знаеме. Никола Димитров во март 2018 година рекол во јуни очекуваме рамка за преговори, на 8 ноември 2018 година рекол дека очекува почеток на преговори во 2019 година, во 2020 година како носител на листа на СДСМ, кажал дека датумот е 16ти јули.
СДСМ ВО СВОЈАТА ПРЕДИЗБОРНА ПРОГРАМА ИЗЛАЖА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ДОБИЛА ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ.
• НЕМА РАБОТА – ИМА ДОБРА ПРОПАГАНДА
• НЕМА ДЕЛА И РЕЗУЛТАТИ – ИМА КОРУПЦИЈА ВО МЕДИУМИ
• НЕМА ИСПОРАЧУВАЊЕ НА ПРОЕКТИ – ИМА БАРАЊЕ ДЕЖУРНИ ВИНОВНИЦИ
Никола Димитров е архитект и на договорот со Бугарија, а во тој договор има многу нелогичности и многу фалинки.
1. Нема никакви гаранции во договорот, односно нема никакви заштитни клаузули што ако Бугарија не го почитува својот дел од договорот.
2. Треба да сте политички аматер да прифатите комисија за историја да одлучува за иднината на државата.
3. Во преамбулата пишува – имајќи ја предвид заедничката историја која ги поврзува двете држави и нивните народи.Спорно е дека никаде не пишува кој народи и јасно пишува заедничка историја
4. Во членот 2 нема обврска Бугарија да ја поддржи Македонија во патот на европските интеграции.
Тажната вистина за Македонија е дека 4 години не почнува преговори, 4 години тоне во криминал и корупција, 4 години е национално обезличена и затоа оваа интерпелација денеска треба да биде прифатена, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.