Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, оствари средба со граѓаните во општина Сопиште, при што одговори и на прашања поставени од медиумите. Едното од прашањата беше како коментира за новиот универзитет „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново.

Имам две работи што би сакал да ги кажам. Прво, апсолутно мислам дека е корисно да се развива соработка на научен план, за тоа што науката е она што треба да ги обединува жителите, не само на Балканот туку и во цела Европа и најдобрите да одат напред. Но, она што ме загрижува е начинот на кој што ова се прави, од проста причина што од сите универзитети кои што ги има во Бугарија се избра токму овој универзитет кој што има исто име со најголемиот универзитет во Македонија „Свети Кирил и Методиј“, на кој што голем број генерации се образувале и се образуваат. Најголем дел од нас го стекнаа своето високо образование таму. И навистина на овој подмолен начин да се подриваат темелите на најголемиот македонски универзитет мислам дека е за секаква осуда – истакна Николоски.

Тој посочи дека не гледа ниту реципроцитет, на пример на некох од македонските универзитети да му се дозволи да отвори своја филијала во Бугарија.

Еве, да прашам дали мисли Зоран Заев и Владата дека во Софија би дозволиле да се отвори филијала на битолскиот универзитет кој што се вика „Свети Климент Охридски“ и го носи истото име како најголемиот универзитет во Бугарија. Мислам дека Бугарите не би ни помислиле да дозволат такво работа камо ли да ја направат – изјави Николоски.

Тој додаде дека Зоран Заев продолжува со својата политика на распродажба на националните интереси. Но, на изборите кои што ќе ги имаме во октомври ќе се стави крај на таа политика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.