Ако преговорите се на линија на она што го спомена Румен Радев, а мислам дека се на таа линија, тогаш јас не гледам воопшто причина зошто да има преговори. Тие позиции со кои што Радев настапи пред два дена мислам дека се понижувачки. Таму нема што да преговарате, истакна Aлександар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Николоски додаде дека прво би сакал да се промени односот, Бугарија нас не гледа како ние да сме долни ниски, а тие како да се од големото добро утро.

Второ, користење термини од типот македонизам, тоа е плукање во лице на сите луѓе кои што се чувствуваат Македонци, како некој се чувствува е лична определба. Трето, диктат за промена на Устав без реципроцитет. Четврто диктат за промена на историја. И петто, јасно условување без никаква гаранција за начин на спроведување на работи како што нив им одговараат, никаде во изјавата на Радев нема нешто што и одговара на Македонија, заклучи Николоски.

Николоски посочи дека во условувањата на Бугарија има работи само нејзе што и одат во прлиго, на Македонија се и оди на штета. Самото седнување на маса е проблем.

Македонското Собрание усвои Декларација која што ја споменавме, и која што е многу јасна во однос на црвените линии наши како држава. Сите разговори можат да се движат во рамки на таа Декларација, доколку се излезе надвор тоа е непочитување на волјата на македонското Собрание во кое што гласаа за таа Декларација сите клучни политички партии. И мислам дека најдобриот начин е да се спречи Заев, сега морам пак да се вратам на изборите, да биде поразен на изборите за тоа што во спротивно мислам дека е спремен да направи се, нагласи Николоски.

Николоски укажа дека преговорите со Бугарија треба да се во рамки на македонската Декларација која се донесе во Собрание.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.