Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, предупредува дека аферата „мафија“ во која МВР издавало македонски пасоши на разни криминалци од Балканот , но и пошироко, може сериозно негативно да влијае на напорите за евроинтеграции на Македонија

Оваа АФЕРА која овие денови е премногу актуелна СИГУРНО ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ЕВРОПСКИОТ ПАТ на државата, бидејќи речиси три години траел процесот на издавање на ПАСОШИТЕ, а властите НЕ РЕАГИРАЛЕ на било каков начин. Тоа доволно укажува за вмешаноста на власта во овој процес, а тоа не е една од вредностите на ЕУ или пак моделот врз кој би требало да функционира една европска држава – коментира Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.