Фаница Николоска, носителка на листа во ИЕ6 од редовите на СДСМ на денешната средба со граѓаните од тетовскиот регион истакна дека со прогласување на Шара за национален парк ќе се забрани секое експлоатирање на природните богатства. Од криволовот и риболовот, непланската дива сеча на дрва за огрев, до градење на хидроцентрали и секакви дивоградби.

Ќе може само да се развива планинскиот туризам со строго утврдени критериуми. И, нормално, ќе овозможиме планско зафаќање на водата за пиење без да се наруши биодиверзитетот. Ги чистиме водите кои ни ги напојуваат плодните, полиња со изградба на пречистителни станици. Вложуваме во градење на регионални депонии за да си ја исчистиме почвата од ѓубре, а преку проектот за енергетска ефикасност и гасификацијата добиваме почист воздух, а пониски сметки за струја, порача Николоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.