Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски смета дека за датум не одлучуваме ние, туку 27 односно 28 земји членки бидејќи Велика Британија е се уште дел од ЕУ.

– Членки во ЕУ ќе станеме кога ќе се приближиме толку до европските стандарди што за нив ќе биде од прилика сеедно дали сме влегле или не. И мислам дека тој ќе биде главниот критериум по кој ќе се случуваат следните проширувања, рече Попоски.

Тој  во своето обраќање рече дека Макрон и Меркел сигурно состанокот нема да го посветат на Македонија, имајќи предвид дека има многу поважни прашања за разговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.