Новоизбраниот градоначалник на Општина Демир Хисар Никола Најдовски ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник Марјанче Стојановски.

Стојановски на новиот градоначалмик му посака успешна работа, просперитет, економски развој на општината и реализација на проекти кои се во тек, како и нови иновативни проекти, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар.

Се заблагодарувам за досегашната соработка со раководителите на одделенија во локалната самоуправа, општинската администрација, вработени во локалните институции, а особено на директорите на јавните претпријатија и установи под локална самоуправа за одговорното и транспарентно и беспрекорно функционирање во интерес на целокупната општествена заедница, истакна Стојановски.

Новоизбраниот градоначалник, Никола Најдовски, на свеченоста во Демир Хисар најави одговорно и домаќинско вршење на функцијата градоначалник и посветено работење во интерес на сите граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.