Денот на македонските и сесловенски просветители, светите браќа “Кирил и Методиј” кој оставија неизбришлива и вечна трага во нашето просветлување и напредок.

Светци кои имаат најдиректно учество и огромен удел во нашиот идентитет, писменост, образование и култура.

Денес е и Рамазан Бајрам. Најголемиот ден за празнување на Муслиманите.

Денес имаат причина сите да празнуваат и да си честитаат.

Религиите ни се различни.

Но, еден е Бог.

На овој значаен ден за сите, Бог нека ги уважи нашите најзначајни молитви за здравје, мир, слога, повеќе среќа и благосостојба во секој дом.

Честит Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед.

Честит денот на светителите “Св. Кирил и Методиј” за сите христијани од Македонија.

Денешната радост и слава нека се преточи во трајна зголемена сплотеност, повеќе меѓусебно разбирање и помагање и посилен заеднички напредок., напиша на својот фејсбук профил Никола Груевски.

Денот на македонските и сесловенски просветители, светите браќа “Кирил и Методиј” кој оставија неизбришлива и вечна…

Posted by Nikola Gruevski on Sunday, 24 May 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.