Сè уште не се знае дали учебната година ќе почне на 1-ви септември или не, бидејќи како што изјави министерот во заминување, Арбeр Адеми, Владата утре или задутре треба да го усвои планот на МОН и да предложи законски измени во Собрание.

За да започне учебната година на 1 септември, тоа зависи од епидемиолошката состојба под еден и под два од законските измени. Веќе имаме функционален парламент, Владата утре или најдоцна задутре, ќе треба да го одобри планот на Министерството за образование и да и предложи на Собранието соодветни законски измени што ќе ја обезбедат неопходната правна основа за организирање на воспитно – образовниот процес како што планираме – изјави Адеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.