Граѓаните се убедени дека пратеникот Кастриот Реџепи не се појави во Собранието на седницата за доверба на Владата, бидејќи бил принуден да постапи така.
Во анкетата што ја спорведе Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) дури 44.3% одговориле дека тој бил принуден да не се појави на седницата. 33.3% од граѓаните одговориле дека пратеникот Кастриот Реџепи не се појавил по сопствено убедување, а пак 22,4% одговориле со „не знам“.
Истражувањето на ИПИС е спроведено телефонски во периодот помеѓу 19 и 21 ноември 2021 на 1105 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.
Опозицијата се уште не верува во убедувањата на власта и на самиот Реџепи дека дента постапил по сопствено убедување. Дента кога Реџепи не се појави на седницата, претседателот на неговата партија Беса и синот го пријавиле во полициската станица Бит пазар за исчезнат.
Следниот ден тој се пријави во полициската станица Центар дека е жив и здрав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.