По информацијата дека околу два милиони евра побарале од државата помилуваните од 27 април.Богдан Илиевски Бетмен се огласи на Фејбук, упатувајки порака дека на крај памет не му паднало да бара обештетување додека во затвор има луѓе со 211 години неправедна робија. Илевски уште пишува и дека не како амнестиран, туку како човек никој не може со милион евра да надомести еден ден во ќумезите. Според Богдан постојат вредности кои ни сто милиони евра не ги купуваат – интегритет, достоинство, чест…
НА КРАЈ ПАМЕТ не ми паднало да барам обештетување од државата додека во затвор има луѓе со 211 години неправедна робија.
Не како амнестиран, туку како човек. Прво, никој не може со милион евра да надомести еден ден во ќумезите. Второ, постојат вредности кои ни сто милиони евра не ги купуваат – интегритет, достоинство, чест…
Е сега, ако има ВООПШТО можност било каква оштета/надомест да се добие (поим немам, не сум прашувал воопшто, претпоставувам нема бидејќи процесот беше прекинат, а не ослободителен) тогаш ќе побарам и се што ќе земам ќе им го дадам на фамилиите на осудените, подеднакво. Ако нејќат сите, на тие кои сакаат. Ако никој нејќе во фондација, на луѓе со потреба, итн итн.
Луѓето кои се неправедно осудени не ги познавав пред процесот, но делевме иста судбина. Сега „моето“ е трошка, зрно песок, во однос на она што им го направија нив – но ќе даде Господ, ќе има правда, еден ден. Во шутка и во суд јас не видов ниту еден „терорист“ меѓу нас. Дури ни оној главниот сведок кој менува искази неколку пати (ко по нарачка) и брутално и бедно лажеше за мене, за Владо, за Боро, за Дурло… дури ни тој не мислам дека е правично осуден, и дека добил заслужена казна. Така да… правда ќе има, еден ден. Тоа е неизбежно. Се надевам што поскоро. До тој ден ДА ПОВТОРАМ, макар леб да немам да јадам, камења и корења ќе јадам, ама скапан денар не земам и да ми го даваат сами, се додека внатре има луѓе кои се неправедно осакатени од корумпираниот процес во кој беа осудени.
п.с. А новинарите кои не прашуваат, туку пишуваат, се приказна сами за себе. Ама за тоа и за се друго на темава во друга прилика.
Да живее Македонија, Напишна на Фејсбук Богдан Илиевски Бетмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.