Случајот со хуманитарната помош  не преставува никаква полициска злоупотреба туку злоупотреба на позицијата на Заеви во насока на изборен поткуп за кој отворено се сомнева целокупната јавност, објаснува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“.

Според него, да се има параван невладина организација, и партиски луѓе да ви делат пакет со намирници за време на полициски час не е ништо друго туку криминал.

И сега може полицијата да премолчи како што тоа се правело порано, или да реагира и да го штити законот. Никој не смее да биде над законот, дали се викал Вице или Зоран Заев, Христијан или Наќе Чулев. Јас за овој случај дознав од медиумите а потоа подробно се информирав. Ја има мојата поддршка Чулев целосно заедно со надлежниот обвинител да го расчистат случајот. Не смееме да дозволиме повторување на она однесување за кое пишуваше Лаверита и изборниот поткуп кој се правел во Струмица во минатото и истите случаи да се држат во фиока од истите оние кои сега се во скутот на Заеви, а тогаш ги водеа безбедносните служби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.