Членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на градскиот плоштад пред Занаетчискиот дом протестираа додека внатре во зградата траеше 171. седница на Владата.
Тие извикуваа „Никогаш Северна, само Македонија“, алудирајќи на промената на името на државата кое го направи оваа власт.
Во Куманово и околината денеска во посета беа министрите, при што презентираа владини мерки, проекти, а целта беше да го слушнат и гласот на граѓаните.
Како што изјави Бране Петрушевски, претседател на локалниот огранок на партијата, додека траел состанокот на комитетот одлучиле да приредат, како што вели соодветен пречек на Владата.
Имајќи во предвид дека најавија дека на оваа седница ќе биле разгледани проекти од интерес на Куманово и кумановскиот регион, па сакаме да ги потсетиме најпрвин како се осмелуваат да дојдат во Куманово имајќи во предвид што се направија во изминатите три години за Куманово, за Република Македонија и изминатите 30-ина години во Куманово. Направија од еден град со кој ќе се гордеевме, да дојдеме до ниво да сме според загаденоста први во Европа, изјави Петрушевски.
Градот има сообраќајниот хаос и метеж, кој како што вели, денеска дополнително го зголемило присуството на министрите.
Пораката е јасна испраќаме револт. Нашиот револт потекнува најпрвин од непочитување на волјата на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, јасно изразено на референдумот и промената на уставното име на Република Македонија и ветувањето дека Македонија ќе била членка на ЕУ и ќе ја ставеле Македонија во евроинтеграциските процеси, за жал, доживува фијаско, изјави Петрушевски.
Дел од улиците во централното градско подрачје се целосно затворени за сообраќај додека трае владината седница и протестот на опозицијата, а видно е и зголемено присуство на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.