Штама еј! Никаква осуда за вчерашниот националистички и шовинистички марш на Албанците низ Скопје. Купено молчење од сите телевизии. Невладините и така се антимакедонски здруженија. Колаборационисти.
Живееме во апартхејд по сите дефиниции.
Македонците се безгласна буква во државата која ја создадоа. Во државата за која се бореле моите претци. Не ми се ни живее повеќе овде. Како во туѓ дом да сум влегол ноќе, така се чувствувам. Како туѓ на своето. Ако има некоја амбасада која ќе го прочита ова да ми даде нејзино државјанство и друг живот, да можам да заборавам од каде сум дошол, би било топ.
Секое државјанство би прифатил, само бугарско НЕ – коментира актерот Сашо Тасевски.

Штама еј! Никаква осуда за вчерашниот националистички и шовинистички марш на Албанците низ Скопје. Купено молчење од…

Posted by Sasho Tasevski on Saturday, 30 January 2021

Вчера во Скопје оддржа протест за случајот „Монструм“. Насобраната толпа превртуваше контејнери, со камења фрлаше кон полициските возила, скандираше „УЧК, УЧК“ изразувајќи го револтот против барањето на Обвинителството да им се изречат највисоки казни на обвинетите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.