Нигериецот Симон Поликарп, познат како Џими, е изненадувачкиот кандидат за градоначалник на Штип.

Џими ќе натпреварува во „трката за прв човек на градот“ како претставник на Интегра – Македонска конзервативна партија.

Симон Поликарп, е роден во Нигерија, а во Штип дојде да студира, по што веќе неколку децении живее и работи во градот.

Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 ти декември, ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори.

На 11 декември гласаат болните од ковид-19, на 12 декември болните, изнемоштени лица и осудениците во затворите, а на 13 ти декември е изборниот ден, кога гласачките места се отвараат во 7 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.