Претседателот на Владата Зоран Заев денеска беше во посета на Битила и изјави дека во земјава ќе се продолжи со вградување на европските вредности.

Треба да продолжиме со Бугарија, да правиме напори, и како што ме охрабрија неколку земји од ЕУ, зборувам како Зоран Заев, предводник на нашето македонско општество со сето тоа што го направив во изминатиот период, одржувајќи европски лекции овде, во душата и срцето на Балканскиот Полуостров, среќен сум што се уште останало европско во Европската унија преку овие чекори што се преземаа овие неколку денови. За нас Европската Унија е светост, нашата европеизација ја сакаме со постигнување европски вредности дома и ние тоа ќе го правиме со блокади или без блокади. Ние друга алтернатива немаме, сакаме да вградиме европски вредности дома и да си ја европеизираме државата. Ако Европа освен со фондовите како што досега ни помага, ни помогне и со експерти за поглавјата, знам дека преговарачкиот процес ќе го забрзаме. Тоа е нашата иднина и верувам дека за тоа ќе помогнат сите соседи, ќе помогне соседна Бугарија, истакна Заев.

Според Заев, за Македонија Европската Унија е светост.

Нашата европеизација ја сакаме со постигнување европски вредности дома и ние тоа ќе го правиме со блокади или без блокади. Ние сме пријатели со Бугарија, треба да го решаваме проблемот, а јас не знам во што е проблемот, истакна премиерот осврнувајќи се на актуелниот проблем со Република Бугарија.

Заев го коментираше ставот на бугарското МНР дека Софија не може да го примени ставот за ветото, бидејќи не може да предаде 88.450 граѓани на Македонија што имаат бугарско државјанство.

Ако е тоа решението ќе ги прашаме и македонските граѓани со бугарски помоши. Ние сме пријатели и јас испратив порака дека треба да го решаваме проблемот, којшто не знам кој е проблемот. Дефиниравме дека долгото и краткото име на државата се едно исто. Немаме територијални претензии, пријатели сме и пренесовме комплетна доверба. Предложивме нивната авионска ескадрила да го чува македонското небо, како поинаку да кажеме дека имаме доверба во нашите соседи?,рече Заев.

Реaкцијата на Заев следи откако бугарското МНР за тоа активности ќе преземе во идните шест месеци за да се најде решение за Македонија реферира на наводни 88.540 македонски граѓани со бугарски пасоши.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.