Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување на телевизија Телма на предизборното соочување со кандидатите за градоначалници потенцираше дека по победата на локалните избори ќе биде направен сериозен систем, услугите и отчетите ќе ги даваат на граѓаните, а не на политичките субјекти.

„Ние нема да бидеме должни кон ниту еден политички субјект. Ќе бидеме должни кон граѓаните, ќе направиме департизација. Ќе направиме сериозен систем. Ќе ја намалиме бирократијата, ќе ги даваме услугите и отчетите на граѓаните, а не на политичките субјекти. Ќе имаме поддршка, а и веќе имаме поддршка од сите политички партии. Членови, активисти, симпатизери кои се многу разочарани. Притисоците во Куманово нема да поминат. Ги има, евидентни се, пола МВР е во Куманово веќе, но не е важно. Ние Кумановци не виткаме кичма. Не менуваме историја и не дозволуваме да ни
бришат плочи, не дозволуваме да ни бришат минато. Дефинитивно ќе продолжиме да правиме прогрес за нашиот град и нашите граѓани, бидејќи тие го заслужуваат тоа. А реформите и во Куманово и во државата како ќе се повтори историјата ќе тргнат токму од Куманово“, рече Димитриевски.

Тој истакна дека концептот „За наше Куманово“ ќе биде поддржан од граѓаните, затоа што тоа е евидентно и го чувствува.

„Јас како кандидат под реден број 80 и носителката на листа Ивана Ѓорѓиевска под реден број 61 ја бараме поддршката од сите граѓани на општина Куманово“, посочи Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.