Ние имаме држава, но немаме колективни успеси. Ние денес имаме соништа, но имаме власт која го ограничува индивидуалниот потенцијал да стане колективна победа. Немаме здрав систем, имаме изместени вредности.

Затоа ја водам оваа битка, затоа што нам ни треба иднина во која сите заедно, без исклучок ќе успееме, во која нашите татковци ќе имаат синови и ќерки кои ќе го развиваат својот потенцијал и чија способност ќе ја движи Македонија напред – порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На полноќ завршува предизборната кампања. Македонија во недека, 17 октомври избира нови градоначалници во Македонија. Потоа започнува предизборната кампања пред вториот круг, која ќе трае две недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.