Мнистерката за одбрана Радмила Шекеринска од четвртокот беше на неколкудневна работна посета на Пентагон. Работната посета на Соединетите Американски Држави е прва на претставник на Владата на Македонија по смената на американската администрација и доаѓањето на новиот американски претседател Бајден. Со Шекеринска во САД е и американската амбасадорка Кејт Брнз.

Следејќи ја агендата на Шекеринска во САД, несомнено станува збор за историска посета, но на официјалните страници на Валадата нема ниту збор за ова.

Иако Владата редовно објавува вести за настаните на министрите на сајтот, на Твитер и на Фејсбук, за неколкудневната посета на САД нема ниту збор, па нема да биде далеку од вистината ако заклучиме дека некој ја бојкотира вицепремиерката. Исто така, не е тешко да се претпостави од каде доаѓа наредбата ако се погледнат истите медиуми на Владата.

На пример, на насловната страница на Медија центарот на Владата има информации за ппосетата на вицепремиерот Битиќи на Крушево и Битола, на министерот за корупција на Брисел, на Царовска во Карпош…, но не и за средбата на Шекеринска со секретарот за одбрана на САД Лојд Остин.

Посетата на САД е добар повод за самопромоција на Владата за поени во надворешната политика, но некој мистериозно решава дури и на своја штета да ја игнорира Шекеринска. Од друга страна, за активностите на Шекеринска редовно информираше американската амбасада на својот Твитер профил.

Историска посета на Шекеринска на САД

Според соопштенијата на Министерството за одбрана, несомнено станува збор за посета од висок формат, за набиена агенда која ја позиционира оваа активност на вицепремиерката високо на листата приоритети на владината прес-служба.

Шекеринска во Пентагон се сретна со потсекретарот за одбрана на САД за политички прашања Колин Кал и со помошничката на секретарот за одбрана Лора Купер. Taa оствари средба и во Стејт Департментот со помошникот државен секретар и прв човек на Бирото за политичко-воени прашања, Тимоти Алан Бетс.

Шекеринска во Пентагон се обрати и на церемонијата за откривање на македонското знаме во холот на НАТО на која ќе присуствуваат претставници на Пентагон и на американската амбасада во Македонија.

Министерката имаше средби и со началникот на Бирото на националната гарда, генералот Даниел Хокансон и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал – мајор Грегори Најт.

Во Вашингтон, делегацијата предводена од министерката Шекеринска разговараше и со директорката на Агенцијата за одбранбено-безбедносна соработка, Хајди Грант, а ги посети и Националниот демократски институт и Националниот фонд за демократија. Шекеринска оствари средба со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт и со претседателот на НДИ, Дерек Мичел.

При посетата на Вермонт, со чија Национална гарда, Армијата на Република Македонија има исклучително богата и долга соработка, министерката Шекеринска  се сретна со гувернерот на Вермонт, Фил Скот, ја посети базата на Воздухопловната национална гарда и се сретна со командантот на базата, полковникот Ендрју Шефчик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.