Голем број патници кои транзитираат на скопскиот аеродром реагираат дека не им се даваат препораки во однос на тоа дали треба да бидат во самоизолација, пренесува „А1он“, објавувајќи го искуството на Татјана Атанасовска Гроздановска, која слетала од Париз вчера. Иако Франција се наоѓа на листата на високоризични држави, никој од осумдесетината патници кои вчера слетале од Париз, немале наредба ниту препорака за самоизолација.
Завршивме пасошка контрола брзо, ни беше измерена температурата, имавме основна брошура во раце, а во авионот пополнивме лист со име, презиме, адреса и телефон. И ни кажаа доколку сме биле во Кина, Кореја, Италија или Иран последниве 14 дена и имаме симптоми да се пријавиме. Толку. Тоа беше сè. Ние слетавме од Париз. Парискиот регион Ile-De-France имаше регистрирано околу 1.000 случаи со корона вирус. Од тоа што видов во авион, никој од нас слетаните не доби упатства за владини одлуки, уште помалку за домашна самоизолација и најважно – што воопшто тој термин значи… барем на еден лист, црно бело испечатени упатства да ни се поделеа, вели таа.
Целиот текст тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.