Експертите и аналитичарите едногласни, проценуваат дека Владата не направи ништо значајно за доброто на граѓаните во првите сто дена. Тие исто така велат дека првите сто дена од владата „Зоран Заев 2“ најавуваат целосен неуспех и предвремени парламентарни избори.

Аналитичарот и експерт Александар Спасеновски вели дека Влада не направила апсолутно ништо во ниту една област, што преставува и најава за пораз и целосен неуспех на владините политики. Тој додава дека владиниот апарат покажа сериозни слабости во борбата со пандемијата од корона вирусот, многу лошо се справуваат и со економската криза, така што македонската економија веќе и официјално е во рецесија.

Спасеновски вели дека владата не успеа ниту во едно од најклучните нејзини ветувања и залагања, а тоа е отпочнување на преговорите со Европската унија кои Македонија не ги започна поради ветото од соседна Бугарија.

Иако за дел од проектите е јасно дека е потребно време, но сепак не можеме да кажеме дека постои видлив напредок по ниту една од областите. Државата покажува сериозни слабости во борбата со пандемијата, економијата и официјално е во рецесија, а Македонија не ги започна ниту преговорите за членство во Европската унија. Ове сто дена, врз оснава на ова што го споменав, преставуваат најава, би рекол, за пораз на владините политики, рече Спасеновски за телевизија Алсат.

Тој додава дека во наредниот период треба да се отвори дебата за корекција на владините политики, затоа што овие кои што ги имаа зацртано доживеаа целосен неуспех, а и тоа дека треба да се отвори и прашањето за политичка одговорност на министрите кои покажуваат лоши перформанси во ресорите кои што ги водат, осебено во здравството, економијата интеграцијата во ЕУ.

Од друга страна аналитичарот Агим Јонуз дека државата е во многу лоша состојба, полоша отколку што аналитичарите можат да ја опишат. Додава дека државата е во целосен колапс и дека ние тој колапс не сакаме да го признаеме и кој, според него, ќе резултура со предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Македонија нема ни еден од стоте дена Влада, Македонија импровизира политика. Многу по сериозна е ситуацијата отколку што било кој политички аналитичар може да ја опише, а тоа е, ние сме во ситуација на колапс кој што не сакаме да го признаеме, кој што ќе резултира, секако, со многу брзи предвремени избори, најверојатно со локалните, рече Јонуз за телевизија Алсат.

Тој мисли дека, спрегата или комбинацијата на квалитетен ПР, пандемија и како нарачана комбинаторика со Бугарите, нас не држи во ситуација да ги преспиеме наредните неколку месеци па да видиме после што ќе се случи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.