СДСМ може да испрати 100 соопштенија дека се е под контрола и дека во коалицијата им цветаат рози, но тоа нема да го покрие срамот дека владата е неспособна и криминална, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Нема поле на кое не губи Македонија. Меѓународно ја понижија државата. Од идентитет бетон стасавме до неможност да се изјасниме како Македонци. Србија и Албанија имаат 4 милијарди инвестиции, а нас ни бегаат. Правдата е урнисана, нема кој не им избега. Земјоделието е на колена. Народот едвај преживува. Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. 55.000 го загубија своето работно место, а 6200 фирми затворија, истакнуваат од опозициската партија.

И после се ова, мнозинството е стабилно е најважната работа?! Додаваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.