Само што започна учебната година со физичко присуство на децата и веднаш на површина испливаа проблемите со заразени деца. И додека се работи за сериозна ситуација со деца за кои се потврди дека се позитивни на корона вирусот, министерката за образование Мила Царовска уште толку ги зовре страстите со своите изјави околу почетокот на образовниот процес во училиштата. Прво тврдеше дека е безбедно децата да посетуваат настава, па откако почнаа да се пријавуваат заразени деца, сега тврди дека ситуацијата е под контрола и дека ниту еден ученик  не се заразил на училиште.

Родителите на децата кои посетуваат настава, преку социјалните мрежи, го истурија својот револт во врска со ваквите нејзини изјави.

Дотичнава нека оди да го посети ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ каде што учениците од второ одделение ги сместија во подрумска просторија на училиштето без дневна светлина, без проветрување и без оние суштински мерки кои се потребни да се заштитат од коронавирусот, пишува еден родител.

Јас познавам луѓе кои цела фамилија се заразија од малечко девојче кое се заразило на школо!
Изјавава е тенденциозна и навредлива!, пишува друг родител.

Апсолутно е дека ниту еден од позитивните ученици не се заразиле во училиште ама тие ја донесоа заразата на училиште, а за интерната трансмисија да почекаме неколку дена па ќе ги видиме резултатите… Треба да нацртаме??? Или ќе шириме одделенски кластери сега, реагираа родителите.

Да де видовме, ти многу се разбираш од образование. Затоа децата немаат уште ни книги, па сега си и доктор. Ако не биди и министерка за здравство, бидејќи си многу способна, порачуваат родителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.