Советничката на Алтернатива во општина Чаир Нафие Селмани преку објава на „Фејсбук“ информира дека на последната средба на централното раководство на партијата поднелa оставка од секаков ангажман во партијата Алтернатива.
Не сум реагирала до овој момент, убедена дека најголемото зло на Албанците е ДУИ, не сакајќи и да не му наштетам некому, кој е во помала мера виновник! Но, да се каже дека во Алтернатива немало кадри од редовите на жените, а да се зборува за некаков потенцијал, е непростлив срам. Доволно ќе биде да се погледне листата на штотуку избраните и ќе се убедиме дека нималку не е вистинито дека во Алтернатива нема жени, кои исто, ако не и многу подобро од сега избраните мажи би ги вршеле задачите и одговорностите на тие функции! На последната седница на Централното претседателство поднесов оставка на секоја улога и на секој ангажман во партијата Алтернатива! Една од главните причини за мојата оставка е токму незастапеноста на жените во извршната власт! Поради некои правно – уставни норми, но и поради сликата пред меѓународната заедница, албанската жена е барем симболично застапена во политичкиот живот. Инаку, што се однесува до нашите политички партии, можеби и правото на гласање би им било ускратено на албанските жени!, пишува Селмани.
Албанските медиуми пренесувајќи ја нејзината изјава коментираат дека „внатрепартиското незадоволство во Алтернатива почна да излегува на површина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.