По одлуката на Филипче и оваа Клиника да биде Ковид-19 центар, вработените упатија писмо до министерот во кое го известуваат дека условите не се соодветни за болни од корона. Одлуката на состанокот била донесена едногласно.
Стручниот колегиум на состанокот зазема едногласен став дека клиниката не ги исполнува критериумите и условите за ковид центар поради тоа што тука се хоспитализираат пациенти со невролошки заболувања од целата земја кои добиваат адекватен специфичен третман кој не можат да го добијат во друга клиника/болница/установа. Доколку пациентите со невролошки болести (мозочен удар, епилепсија, епилептичен статус, мијастенија гравис, мултипла склероза, акутен полирадикулоневрит, трансферзален миелит, деменција, екстрапирамидни заболувања, болни синдроми) не се хоспитализираат, дијагностицираат и лекуваат на нашата клиника, многукратно се зголемува ризикот од морбидитет и морталитет од овие болести“, се вели во дописот до Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.