Снежните врнежи денеска донесоа проблеми со снабдувањето на електрична енергија во југозападниот дел на Македонија. Без струја утрово останаа домаќинства во Охрид, Струга, Вевчани, Ресен…

Снежната прекривка во Струга достигна 20-тина сантиметри, но главните улици се проодни.

Во Охрид, пак, екипите на ЈП ,,Охридски Комуналец” од утринските часови на терен, и ја расчистуваат снежната покривка на патниот правец до с. Велестово и на други критични места каде е отежнато движењето заради снежните врнежи.

Претходно порталот „News1“ сподели видео од обидот поединци да пробијат дел од патот кон селото Горна Белица на Јабланица, каде цели семејства се отцепени поради обилните врнежи од снег, а во повеќе села снемало електирчна енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.