Трибината на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ која вечерва требаше да се одржи во Битола е одложена поради временски неприлики и интензивни врнежи од дожд.
Како што објавија од партијата, трибината е презакажани и ќе се одржи на 23.07.2021 (петок).
СДСМ останува заедно со граѓаните преку граѓанските трибини, маалските и урбани средби, преку активноста врата до врата каде заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата понуда за секоја општина.
Затоа СДСМ е фаворит на локалните избори, граѓаните знаат дека само со СДСМ можат да продолжат развојот и напредокот на општините и државата – велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.