Голготата со лицата кои имаа потреба да се тестираат за КОВИД-19 и понатаму продолжува. Деновиве по социјалните мрежи се појави веста каде лица кои имале закажано за тестирање во 8 часот наутро со тестирањето завршиле во вечерните часови односно околу 18 часот.

Но, ова не се случува само со лицата кои имаат потреба да се тестираат за корона туку и за неопходните тестови како биохемиски анализи и рентгентски снимки на бели дробови. Имено овие тестирање може да се направат само на Инфективна клиника и во Градската општа болница 8 Септември во Скопје.

Пред неколку време имав закажано за да ми направат рентгентска снимка на бели дробови. Мојот термин беше за во 9 часот. Но иако имав термин со снимките завршив во во 14 часот. Но за да биде уште повеќе сложено ми беше посочено дека за резултатите морам да дојдам да ги земам во текот на утрешниот ден. Дојдов следниот ден и чекав околу 4 часа додека да ги добијам резултати, ни раскажа граѓанин кој се соочил со истиот проблем.
Сето ова покажува дека надлежните не си ја работат својата работа и дека ни најмалку не им е важно здравјето на граѓаните во овие услови кога ковидот коси низ цела држава. За ова обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ каде посочија дека поради неспобноста на власта граѓаните кои се болни или прележале корона се приморани крвните анализи да ги прават приватно, или тие кои не можат да си го дозволат тоа мораат да чекаат по ходниците во ковид центрите низ државата.

И освен што ги зголемија цените за лековите кој за некого живот значат, лековите кој спречуваат згрутчување на крва, како Клексан, Фраксипарин, Ксаретло, граѓаните се речиси приморани да ги плаќаат приватно и крвните анализи кои се неопходни како за болните од корона, така и за оние кои ја прележале, бидејќи мора да се прават контроли поради можни компликации.Оние кои не можат да платат, се приморани да чекаат по ходниците на ковид центрите низ државава и во Скопје во само три амбуланти и поликлинки – посочи на прес конференција Марија Андоновска, Член на ИК на ВМРО-ДПМЕ.

Исто така од ВМРО-ДПМНЕ побараа надлежните да им овозоможат на граѓаните крвните анализи да ги направат крвните преку Фондот за здравство.

Министре, едноставно е, како што треба итно и неодложно да ги поставите Клексанот, Kсарелтото и Фраксипаринот на позитивната листа на лекови, така треба и граѓаните да можат да ги направат крвните анализи како што се испитување на ЦРП,ДДмери, ЛДХ, серолошки тест за антитела, преку Фондот за здравствено осигурување. Затоа, аплеираме до министерот Филипче и Фондот за здравствено осигурување, да овозможат сите лаборатории кои работат со Фондот за здравство, да ги прават овие анализите за сите осигуреници, а трошоците за истите да се покриени од страна на ФЗОМ – додаде Андоновска на својата прес конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.