Во своето синоќешно гостување на Алсат телевизија, потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ, Александар Николовски истакна дека по сите изјави кои премиерот си ги погази и сите лаги кои ги кажа, веќе станува несериозно да се коментираат неговите искази.

Утре сме спремни за избори, тоа е најмал проблем. Проблемот е што Заев станува веќе несериозен за коментирање и создавање било каква стратегија во однос на неговите изјави затоа што пречесто ги менува. Тој рече дека ако нема датум во јуни ќе се оди на избори, еве нема датум а гледате дека веќе не зборува за избори. Така што несериозно е да се коментира Заев, а ние сме спремни утре да има избори затоа што знаеме дека ќе победиме на изборите, истакна Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.