СДСМ и Зоран Заев се наоѓаат во безизлезна ситуација и тоа им е јасно на сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека стравот и хаосот се моментално сместени на „Бихаќка“. Според ВМРО-ДПМНЕ, ова го покажуваат јаловите изјави полни со несигурност, манипулации, лаги и нови ветувања кои знаат дека нема да бидат исполнети.

Иако СДСМ и Зоран Заев долго го залажуваат народот дека сакаат избори и дека се уверени дека ќе ја формираат новата владина гарнитура, сепак јасно им е дека времето на политички дилетанти и крадци заврши. За криминалот, корупцијата и притисоците врз институциите одговорност ќе има.
Како и секогаш, навикнати се да лажат, да манипулираат и да ветуваат работи кои знаат дека нема да ги испорачаат. Ветуваат неработна недела, а ќе ја исполнат исто колку што го исполнија ветувањето за 100.000денари плата за докторите, ветувањето дека нема да се отвори Уставот на Република Македонија, ветувањето дека ќе се изградат 700 километри автопат итн., се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ дека долг период ги предупредуваа Зоран Заев и СДСМ за штетата која ја нанесуваа на Република Македонија и народот, но дека тоа не вроди со плод.

Продолжија притисоците, местењето тендери, делење буџетски пари во сопствени приватни фирми и уште низа криминали на кои им доаѓа крајот.
Македонскиот народ на неколку пати беше изманипулиран и понижен од човекот кој се колнеше во сопствените деца и македонската жица, распродавајќи се што е свето на секој еден македонец. На таквото однесување и понижување мора да му дојде крајот и сите кои се огрешиле пред законите да сносат кривична одговорност за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека на 15 јули ќе се случат долгоочекуваните предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ потврди дека ќе учествува откако се исполнети двата услови кои беа поставени:
1. Навремено доставување на предлози на набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.
2. Максимален безбедносен здравствен протокол кој ќе го сведе ризикот по здравјето на граѓаните на минимум.

На секого му е јасно дека победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Македонскиот народ гледа спас во човекот кој ќе се дрзне да прекрати сите криминални линкови, да го ослободи судството од канџите на Заеви, да ја исправи Република Македонија на здрави нозе и да започне една нова ера во која народот ќе се чувствува безбеден и сигурен во својата држава.
Доаѓа времето на просперитетот, работата, чесноста, трудот и исполнувањето на есенцијалните барања на граѓаните за подобар живот.
На 15 јули СДСМ и Зоран Заев одат на буништето на темната страна на политичката сцена и ќе одговараат за секој сторен криминал.
15 јули е денот кога Република Македонија одново ќе почне слободно да живее и да ги остварува своите соништа и цели. Доаѓаат подобри времиња за сите нас.
Македонскиот народ знае да ја препознае вистинската страна, страната на победниците.
На 15 јули победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.