Според последните информации, еден пратеник од редовите на ДУИ е позитивен на Ковид-19, поради што службите ќе го внесат во посебна просторија со посебен протокол за гласање, одобрен од претседателот на Собранието Талат Џафери.
Тој два дена не доаѓал на работа и не бил помеѓу другите пратеници. Станува збор за поранешниот директор на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери, близок до Изет Меџити.
Ова значи дека во салата ќе присуствуваат 61 пратеник кои се очекува да гласаат за новото парламентарно мнозинство и новата Влада предводена од СДСМ и ДУИ, плус ДПА, додека пратеникот позитивен на коронавирус ќе се наоѓа во посебна просторија и ќе гласа од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.