На лидерската средба кај претседателот Пендаровски мора да се разговара за бугарскиот документ кој упорно македонските власти го криеа од јавноста.Тој станува објективна пречка што се отвора на патот кон ЕУ.

Мислам дека вистински хермафродитска политика е да го смените името на државата додека се колнете во најмилото, жицата, децата. Лицемерно и жално е кога ќе велите таа смена е последниот напор за да влеземе во ЕУ, а еве по три години власт нема датум за преговори. Хермафродитски е и неодговорно е да криете документ од Бугарија во кој се условува напредокот кон ЕУ со откажување од јазикот и историјата. Е сето ова не само што е хермафродитски, туку е правење уште еден чекор кон втората фаза на креирање некаква нова идентитетски изобличена нација со ново име, нов јазик и историја. Откажувањето од историјата е откажување од себе си-вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.