Радмила Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев се лицемерни. Нив не ги интересира здравјето на граѓаните ниту пак економската катастрофа со која што се соочува стопанството во Македонија, ова денеска стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нив ги интересира само како да го намалат изборниот пораз, нова амнестија на криминалот и дополнително исцрпување на буџетот каде што успеаjа да испумпаат 120 милиони евра за само три месеци. На изборите кога и да се случат неминовен е поразот на погубните политики на двоецот Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Граѓаните јасно гледаат дека власта на Заев е неспособна и неодговорна и крајно лошо ги менаџира последиците од економската и здравствената криза поради корона вирусот, додаваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.