Без договор заврши средбата на покана на претседателот Стево Пендаровски, вечерва во „Вила Водно“помеѓу лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРОДПМНЕХристијан Мицкоски.

 Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции.

На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе-стои во соопштението.

Нивната средба доаѓа откако денеска шефот на државата се изјасни дека нема да ја продоложи вонредната состојба и покрај големите бројки на заразени со корона вирусот.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.