Немаме дилеми дека сите партии едногласно ке гласаме и на пленарна седница за разрешување на Катица Јанева, истакна денекса Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ кој најави и брзо расчистување на „Рекет“.

Тој изрази жалење што јавноста не успеа да види што има во извештајот, но, рече мора да се почитува одлуката на Советот на јавни обвинители.

Ние како политичка партија жалиме што седницата не беше отворена, но, мора да се почитува одлуката на советот на ЈО. Се надеваме дека многу брзо целата постапка ќе заврши, виновниците ќе одговарат и цела магла со шпекулации ке биде расчистена, додаде Зеќири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.