Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, продолжува со реализација на проекти кои имаат за цел да ја унапредат општина Куманово и да го подобрат квалитетот на живот на сите кумановци.

Во тек е асфалтирање на ул. 620 кон село Проевце, се асфалтираше улица 205 во населба Карпош.

Се асфалтира и се подобрува инфраструктурата во село Костурник и ул.207 во населба Карпош.

Село Романовце и Агино село добија по едно ново спортско игралиште со тартан подлога, а во тек е изградба на ново игралиште во ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ „Браќа Миладиновци“.

За сите основни училишта во Куманово набавени се 82 интерактивни (смарт) табли, помошно – технички помагала и опрема за спортски сали.

Во програмата за мандатот 2021/2025 година предвидени за имплементација се повеќе од 800 проекти од областа на инфраструктура, образование, гасификација, спорт, култура, локален економски развој, заштита на животната средина, транспарентна и одговорна општина итн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.