Вака денеска изглeда просторот каде што се гради модуларната амбуланта во скопската населба Бутел. Трагедијата во тетовско, но и истрагата меѓудругото и за изградбата на болницата од фирмите „Брако“ и „Ари и Том“, засега не е доволна причина овие градби, кои што се дел од 19-те модуларни објекти да бидат стопирани, објави ТВ24.

Во општината велат дека тие немаат ингеренции за таква одлука. Од министерството за здравсто кое е нарачател на објектите, не одговорија конкретно дали додека трае истрагата привремено ќе биде сопрена изградбата на објектите кои ги гради истата фирма. Оттаму, само порачуваат, како што велат, да не се доведува во прашање безбедноста на болниците,

Но и да не се преудицира причината за пожарот во Тетово.

Министерството за здравство воедно замолува да не се доведува во прашање безбедноста на пацинетите хоспитализирани во модуларните болници, како и на здравствените работници кои работат таму. Потсетуваме дека во овој момент се наоѓаме сред четврт пандемиски бран со висок број на граѓани кои се позитивни или се во фаза на лекување, велат од министерство за здравство.

Од Обвинитеслтсво кое вчера порача дека е одземена докуменатцијата од фирмите за тетовската модуларна болница нема конкретен одговор дали болниците кои се градат треба да се стават во прекин се до расветлување на случајот со тетовската модуларна болница.

Обвинителството, во зависност од утврдените резултати ќе донесе соодветни јавнообвинителни одлуки, велат од ОЈО за ТВ24.

Од еден од изведувачите пак, фирмата „Брако“ за ТВ24 велат дека тие се обврзани со рокови да ги изградат објектите. Порачуваат дека поради несреќата не треба да се носи генерална оценка.

На мислење сме дека треба да се почека да заврши истрагата и да ја видиме причината за настанатата тажна ситуација. Во однос на амбулантата во бутел, секако ќе бидат запазени сите стандарди за нејзината изградба. Изградбата не може да ја стопира изведувачот затоа што е обврзан со договор и со рокови, велат од „Брако“.

Дел од лекарите пак бараат да се затворат модуларните болници.

Во проектот со Светска банка, Министерството за здравство нарача 19 модуларни болници, тендерот тежи 3,6 милиони евра и го добија фирмите „Брако“ и „Ари и Том“. По тетовската трагедија се отворија многу дилеми, на кои истрагата би требало да одговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.