Нема враќање во училиште до крајот на учебната година. Оваа година ќе заврши како што почна, со хобриден модел, учениците од прво до трето одделение имаат право да одберат дали наставата ќе ја следат со физичко присуство или онлајн, а останатите ученици во основно и во средно образование наставата ја следат онлајн.

Министерката за образование и наука Мила Царовска посочи дека фокусот е ставен на последните месеци од актуелната, а дополнително ќе се разговара и за тоа како ќе се одвива следната учебна година.

Кога ќе дојде време ќе размислиме како би било најдобро да се започне следната година, засега сме фокусирани на хибридниот модел по кој се одвива оваа учебна година, рече Царовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.