Со новата учебна година, печатените дневници заминуваат во историјата. Имено, според информациите на Бирото за развој на образованието (БРО) печатени дневници повеќе нема да ги има и во основно и во средно образование, туку сите податоци ќе се запишуваат во електронскиот дневник.

Наставниците нема повеќе да имаат двојна работа, односно нема да мора истите податоци и оценки за учениците да ги внесуваат и во печатен дневник и во електронски дневник, информираат од Бирото за развој на образованието.

Имено, тие реагираа и дека многу често се случува да немаат интернет во училиштата, што ги попречува во исполнувањето на обврските со електронската евиденција

Околу 25.000 наставници и професори, колку што има во државава, мораа да ги внесат сите полугодишни оценки и сите изостаноци на секој ученик поединечно во електронскиот дневник.

Освен тоа, требаа редовно да ги внесуваат сите часови, активности, отсуства.

Од учебната 2021/2022 година во училиштата повеќе нема да има печатени дневници. Наставниците ќе ја водат педагошката евиденција во електронскиот дневник. Со ова им се излегува во пресрет на нивните долгогодишни реакции и барања да се растоварат од административна работа, која и онака е обемна.

И во основно и во средно образование повеќе нема да има печатени дневници. Сите податоци ќе се запишуваат во електронскиот дневник. Наставниците веќе знаат да пополнуваат електронски дневник, тој со години е дел од образовниот систем. На овој начин ќе се растоварат од обврската да водат двојна евиденција, појаснуваат во Бирото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.